ЗА АВТОРКАТА




Марија Спасова е родена на 4 октомври 1999 година во Струмица. Основно образование завршува во ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, а средното образование го завршува како првенец на генерација во СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, каде учи за медицинска сестра. Моментално е студент на Медицинскиот Факултет во Софија. На јавноста ѝ е позната како водител на сите манифестации за одбележување на значајни исторски настани во градот и околината – улога што ја стекна благодарение на долгогодишното волонтерство во Домот за деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица.  Активен член е на повеќе организации и како таква, има земено учество во повеќе меѓународни проекти и обуки. Спасова има освоено огромен број награди и признанија на национални и меѓународни натпревари во повеќе области, првенствено од областа на литературата. Својот прв роман – „Магијата на Атафу“ го издаде во март 2017 година, на само 17 години. За истиот роман ја доби престижната награда за најчитана книга во електронска верзија, на конкурсот организиран од Фондација Македоника и УНЕСКО.

Освен проза, Спасова успешно твори и поезија – за двете песни „Врати ми го мирисот на љубовта“ и „На зајдисонце“ двапати го освои златниот медал на Образовното рендаву МАССУМ (2015 и 2018 година).

Поради далековидното размислување околу начинот на којшто треба да ја чуваме, негуваме и унапредуваме нашата држава, младата дебитантка ја освои угледната награда на националниот конкурс „Македонија во 2025 година“ распишан од УСАИД и американската амбасада.

Романот „Теорија на заговор“ е нејзин втор роман, кој неоспорно сведочи за постигнатата авторска зрелост и стремежот активно да се твори и да се придонесува за развојот на националната култура. Промоцијата на истиот важеше за една од најпосетуваните во годината, а интересот меѓу младата публика го направи романот еден од најпродаваните во регионот.



Поврзани линкови:



No comments:

Post a Comment

Содржина:

  • 10% семејство и пријатели
  • 10% криминалистика
  • 10% политика
  • 70% романса